
Европските берзански индекси паднаа денеска откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе реципрочни царини на повеќе од 180 земји и територии ширум светот, вклучувајќи царина од 20 отсто за стоки увезени од Европската унија и 10 отсто за стоки од Велика Британија.
Администрацијата на Трамп, која го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“, воведе и царини од 25 отсто на увозот на сите автомобили од странско производство, пренесува CNBC.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот падна на 21.868,05 поени, британскиот FTSE 100 на 8.488,95 поени, францускиот CAC 40 на 7.681,67 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 2.946,2 поени.
Акциите на многу европски компании денеска се во пад.
Германската Пума забележа пад од девет отсто, Адидас за 8,6 отсто, шведското Волво за девет отсто, а данската бродска компанија Маерск за 7,4 отсто, пренесува CNBC.
Европските фјучерси на гас за мај се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 40,5 евра за мегават-час. Според досегашните податоци на берзата, цената на суровата нафта падна на 69.157 долари, а на нафтата од типот брент на 72.412 долари.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,09752, што е повисока од вредностите забележани во средата.
Фото: Pixabay











