Европските берзи паднаа, цените на нафтата пораснаа

Цените на акциите паднаа на европските берзи во четврток наутро, втор ден по ред, бидејќи цените на нафтата значително пораснаа, како и приносите на државните обврзници.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за околу 1 процент во 9:30 часот наутро, ослабувајќи втор ден по ред. Брент утрово се тргува по цена од 104, 2 долари за барел, а ВТИ се тргува за 91,74 долари за барел.

Во исто време, лондонскиот индекс FTSE ослабе за 0,64 проценти, на 10.390 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,84 проценти, на 24.890 поени, а парискиот CAC за 0,96 проценти, на 7.695 поени.

И азиските берзи паднаа

Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион падна за околу 1 процент во 9:30 часот наутро, ослабувајќи втор ден по ред.

Во исто време, цените на акциите во Австралија, Хонг Конг, Индија, Шангај, Јапонија и Јужна Кореја паднаа помеѓу 0,6 и 2,6 проценти.

Така, берзите го следат вчерашниот правец на Волстрит, каде што индексот Дау Џонс ослабе за 0,66 проценти, додека S&P 500 се лизна за 0,22 проценти, а Nasdaq за 0,22 проценти.

Падот на цените на акциите е последица на обновениот пораст на цените на нафтата додека продолжува кризата на Блискиот Исток. Утрово, на лондонскиот пазар, цената на барел скокна за 3,68 проценти, на 103,90 долари, додека на американскиот пазар, цената на барел се зголеми за 3,34 проценти, на 91,25 долари.

Порастот на цените на нафтата би можел да ја стимулира инфлацијата, па затоа наскоро се очекува дополнително затегнување на монетарната политика, откако многу централни банки ги зголемија каматните стапки на почетокот на септември.

И поради тоа, приносите од обврзниците растат, што го прави поскапо за компаниите и државата да се задолжуваат.