Европските берзи влегоа во последната недела од 2025 – се очекува слаб обем на тргување

Денес, европските берзи влегоа во последната недела од тргувањето во 2025 година, берзанските индекси се претежно во мал пад или блиску до стагнација, додека се очекува послаб обем на трансакции поради празниците.

Инвеститорите ги анализираат геополитичките случувања откако претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, изјавија дека разговорите за завршување на војната напредуваат, иако остануваат неколку тешки прашања.

Зеленски, исто така, истакна дека околу 90 проценти од мировниот план од 20 точки е договорен, вклучително и целосен договор за безбедносни гаранции за Украина.