Европските берзи во пад втор ден по ред

27

На европските берзи денеска, цените на акциите паднаа втор ден по ред, бидејќи инвеститорите се загрижени за немилосрдното ширење на коронавирусот, поради што сè повеќе европски земји воведуваат рестриктивни мерки.

STOXX 600 индексот е во минус од 0,1%, откако вчера падна 0,3%. Лондонски FTSE падна за 0,15%, на 5.875 поени, додека Франкфуртски DAX се лизна за 0,35%, на 12.809 поени, а парискиот CAC 0,05%, на 4.926 поени.

Инвеститорите се загрижени за брзото ширење на коронавирусот, поради тоа што многу европски земји забележаа рекордно зголемување на бројот на нови случаи во последните неколку дена, па затоа повторно се воведуваат ограничувачки мерки насочени кон борба против вирусот.

Строги мерки воведоа Франција, Италија, Шпанија, Ирска и Велика Британија.

Фото: Pexels