Европските берзи во силен налет: Оптимизмот за крај на војната со Иран ги „обои“ индексите во зелено

Цените на акциите силно пораснаа на европските берзи во петокот наутро, како и на Волстрит еден ден претходно, бидејќи по пораките од Вашингтон, инвеститорите се надеваат на крај на војната меѓу САД и Иран.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 1,1 отсто.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,74 отсто, на 10.380 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,26 отсто, на 24.515 поени, а париски CAC за 1,39 отсто, на 8.315 поени.

Инвеститорите беа охрабрени од силниот раст на Волстрит, каде вчера индексот Dow Jones скокна за 1,86 отсто, S&P 500 1,75, а Nasdaq 2,54 отсто.

Ова е благодарение на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека овој викенд би можел да се постигне договор за ставање крај на војната меѓу САД и Иран, а истовремено да се отвори и Ормутскиот теснец, клучен премин за извоз на нафта од Блискиот Исток.

Впрочем Трамп веќе го најави и претходно, но засега нема договор.

Сепак, „ова можеби изгледа малку пореално од порано. Ако слушнеме нешто позитивно од Иран, тоа би значело дека навистина е веројатен мировен договор“, вели Реј Атрил, стратег во Националната австралиска банка.

Благодарение на ова, цените на акциите силно пораснаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции порасна за повеќе од 3 отсто во 9:30 часот.

Во исто време, цените на акциите во Индија, Австралија, Шангај, Хонг Конг, Јапонија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,7 и 8,6 отсто.