Европските индекси во мал минус, цените на нафтата и златото продолжуваат да паѓаат

Европските индекси денес се во мал пад, а цената на суровата нафта (WTI) од утрово падна за 1,03 проценти и се продава за 75,23 долари за барел.

Според податоците од берзата во 09:00 часот, цената на нафтата од типот Брент падна за 0,66 проценти на 78,44 долари.

Германскиот DAX падна за 0,40 проценти, британскиот FTSE 100 падна за 0,10 проценти, додека францускиот CAC 40 порасна за 0,04 проценти.

Вредноста на еврото во однос на доларот денес е 1,1607 долари.

Цената на златото се намали за 0,13 проценти и изнесува 4.350 американски долари за унца, а цената на пченицата се зголеми за 0,49 проценти на 598,90 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27.216 кг).