Европските регулатори будно го следат тргувањето со акции по хаосот на Wall Street

45

Регулаторните тела на Европската унија забележаа зголемено тргување со акции на интернет во последно време, истакнувајќи дека бранот започнал пред “бурата“ што минатата недела ја предизвикаа малите инвеститори на Wall Street во борба за акциите нa GameStop.

“Внимателно ги следиме новите движења и проценуваме дали супервизијата треба да преземе дополнителни мерки“, вели Стивен Мејор, претседател на Европската агенција за хартии од вредност.

Податоците покажуваат дека мали инвеститори во Франција го зголемиле обемот на купување акции со голема пазарна вредност, а има пораст и кај вкупната вредност на трансакциите.

Фото: Freepik