Европските железници ќе враќаат пари за доцнење на возовите

30

zeleznicaЕвропскиот суд на правдата вчера донесе одлука сите европски железници да им исплаќаат оштета на своите патници во случај на доцнење на возовите. Железниците се должни да вратат и до половина од цената на билетот дури и кога причина за доцнењето не е човечки фактор, како на пример поплави, снег, земјотрес, но и во случај на дефект, штрајк…

За доцнење меѓу еден и два часа, железниците мораат на патникот да му вратат 25% од цената на билетот, а во случај возот да доцни повеќе од два часа, ќе добијат назад 50% од цената.

Европскиот суд ја донесе оваа одлука врз основа на законите на ЕУ, откако австриското национално надзорно тело за железници ги тужеше Австриски железници поради член според кој патниците немаат право на надомест на штета во случај на доцнење на возот.

Одлуката на судот се однесува на сите европски железници.