Езимит – 25 години квалитет, иновативност и посветеност

52

PANORAMSKA FOTOGRAFIJA EZIMIT (1)

Македонскиот бренд Езимит, годинава, одбележува 25 години континуиран раст и развој. Од мала семејна компанија основана во 1991-ва година, Езимит се разграни во деловно семејство што денес обединува повеќе компании од областа на земјоделието, преработката, финансиите, градежништвото, инвестициите.

Јубилејните 25 години успешно делување се засноваат на квалитетна стратегија, јасна визија, навремени решенија врз основа на следење на потребите на пазарот, посветеност, иновативност, како и инвестиции во човечки ресурси, капацитети и развој. Благодарение на високите стандарди во работењето, Езимит негува долгогодишни релации и успешни соработки со домашни и странски компании.

Езимит е еден од најголемите извозници на вино во Македонија, што го прави брендот препознатлив во светски размери. Винаријата Езимит според врвната технологија е една од најмодерните винарии во Македонија. Вкрстувањето на знаења, искуства и иновативност со акцент на квалитет, резултираат со широка гама на извонредни вина со потпис на Езимит. Најновото вино Тера Македоника, е создадено преку иновативен процес и единствена рецептура, екстрахирано низ мешавина на лековити билки од македонскиот тероар.

Во успешната приказна на првиот четврт век на Езимит се чини доминира виното, но се работи за една комплетна визионерска стратегија  што опфаќа различни деловни сфери, кои се како столбови на цврста и стабилна заедничка платформа за понатамошен развој на сите засебни компании.

“За добрите резултати на работењето на компаниите под брендот на Езимит се заслужни сите вклучени во процесите на работење, од вработените до деловните партнери. Резултатите сами по себе носат и обврска за нивно одржување и надминување. Во претходните 25 години бевме посветени на создавање високи вредности по светски критериуми, а во голема конкурентна средина предизвик е да се одржи квалитетот по кој не препознаваат. Oстануваме верни на квалитетот и курсот за инвестиции и развој“, изјави првиот човек на Езимит, Зоранчо Митровски.

Во изминатите 25 години, Езимит преку различни форми на делување континуирано придонесува за заедницата. Постигнатите  резултати го етаблираа Езимит како сериозен деловен сегмент во економскиот раст и развој на нашата земја.