Фабрика Карпош избришана од Листата за набљудување на берза

60

Берзата денеска изврши бришење на издавачот Фабрика Карпош АД Скопје од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачот Градежен Институт АД Скопје.

Фабрика Карпош АД Скопје беше внесена на 11.11.2020 година на Листата на набљудување, согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена јавна понуда за преземање на друштвото од страна на Градежен Институт АД Скопје.