Facebook дава бонус од 1.000 долари за секој вработен

27

Facebook ќе му даде на секој вработен дополнителни 1.000 долари во обид да ја поддржи својата работна сила која работи од дома, поради пандемија на коронавирус, пренесува извор за CNBC.

Информацијата дека Facebook ќе им понуди бонуси на вработените ја објави извршниот директор Марк Цукеберг во интерна белешка до вработените. Според јануарскиот финансиски извештај, Facebook вработува скоро 45.000 вработени со полно работно време, но и неколку илјади  работници сo договор за дело.

Инаку Facebook објави и програма вредна 100 милиони долари за помош на малите компании кои се погодени со Ковид – 19.

Фото: Facebook