Facebook падна глобално, колку пари загуби утрово?

36

fb

Корисниците ширум светот денеска околу половина час немаа пристап до Facebook, ниту на веб, ниту преку мобилната апликација.

“Утрово се соочивме со проблем што ги спречи луѓето да постираат на Facebook краток временски период. Проблемот го решивме брзо и сега Facebook се врати 100%. Се извинуваме за непријатностите што можеби ги предизвикавме”, изјави портпаролот на компанијата, пренесува Daily mail.

Портпаролот не прецизираше колку корисници беа погодени со овој проблем, ниту што е причината.

Facebook утрово не беше достапен од 20 минути до половина час. Ако се земе во предвид дека оваа социјална мрежа за една минута остварува приход од нешто помалку од 15.000 долари, тогаш Facebook за 30 минути би можел да загуби 450.000 долари.

Најмногу пријави за проблеми со Facebook се стигнати од Европа, а помалку од САД, со оглед на временската разлика меѓу континентите.