Facebook планира да воведе сопствена дигитална валута?

32

Најголемата социјална мрежа на светот, Facebook се подготвува да воведе свои дигитални пари коишто ќе се користат на апликацијата WhatsApp за да ги олеснат трансакциите помеѓу корисниците.

Како што пишува Мedium, повикувајќи се на New York Times, тајниот проект на Facebook започнал минатата година. Доколку Facebook одлучи да ги поддржи своите дигитални пари со странски валути, тогаш ќе има потенцијал да стане најголемата централна банка во светот.

Освен тоа, дигиталната валута на социјалната мрежа значително би ја намалила вредноста на Visa и MasterCard, а ваквиот тип на картички би се користеле сè помалку. Многу апликации веќе имаат интегрирано кориснички најави преку Facebook профили, а плаќањето би бил следен логичен чекор.

Постепено ќе се елиминира потребата од кредитни картички и PayPal сметки, а онлајн купувањето ќе биде процес од два чекори на апликациите на Facebook. Нема да има размена на девизниот курс и трансакциските трошоци ќе бидат далеку пониски.

Според пресметките, ниедна друга валута не е ни блиску до онаа потенцијална база на корисници од 2,7 милијарди што ја има Facebook и ова дополнително би ја зголемило моќта на дигиталните пари на социјалната мрежа.

Како што се наведува во текстот, Facebook би можел да го стартува овој проект уште годинава.