Facebook продолжува со работа од дома, а на вработените по 1.000 долари

59

Компанијата Facebook ќе им овозможи на своите вработени да работат од дома до јули 2021 година поради пандемијата на коронавирусот, соопшти портпаролката на социјалната мрежа Енека Норвил.

Таа додаде дека компанијата ќе им даде на вработените 1.000 долари за работни потреби од дома.

Портпаролката наведе во соопштение дека компанијата се одлучила на овој потег врз основа на упатства од здравствени и владини експерти, како и на одлуки донесени врз основа на внатрешни дискусии во компанијата.

Компанијата објави дека ќе продолжи со отворање канцеларии со ограничен капацитет таму каде што е дозволено според владините упатства и каде слабеењето на вирусот е забележано околу два месеца.

Фото: Pixabay