Facebook, YouTube и Google се отвораат за реклами

29

Во 2013 – 2014, големите играчи во дигиталната средина како Facebook, YouTube и Google ќе отворат уште повеќе платформи за реклами, за да привлечат големи количини на рекламни инвестиции кон себе.

„Треба и се создадат нови видео – платформи, како одговор на светскиот  тренд на пазарот, кои ќе бидат привлечени за рекламирање”, смета Бјанка Властин, менаџер од Романија .
Фирмите, според неа, ги пренасочуваат големите ТВ буџети на интернет средината. До денес, се уште големите инвестиции на интернет се очекувани само за Романија.

„Потребно е онлајн индустријата да успее да ја заштити и докаже ефикасноста на овој канал и таа да биде јасно мерлива во бројки, со успех на кампањите и параметрите на ризик “, вели менаџерката од Романија.

За финансискиот сектор, телевизијата останува омилен канал за комерцијална комуникација, на сметка на онлајн средината. Големите банки главно сакаат кампањите да ги презентираат на телевизија. Но, кога станува збор за интернет банкарството, тоа веќе сакаат да го презентираат преку онлајн кампањи. Друг водечки тренд што малку го применуваат фирмите е видео реклами. Само 4% од вкупните буџети се одделуваат за овој тип рекламирање. Според оптимистичките прогнози, Бугарија ќе успее да достигне ниво од 20% раст на онлајн инвестиции во наредните години, односно според проекциите на менаџерите до 2014 година.