Факом ќе исплаќа дивиденда од нераспределената добивка од 2008 година

59

fakom

Собранието на акционери на Факом донесе одлука за распределба на дел од нераспределената добивка од 2008 година за исплата на дивиденда.

“Со оваа одлука се врши распределба на дел од нераспределената добивка од 2008 година во износ од 10.537.686 денари за исплата на дивиденда. Износот претставува бруто дивиденда што се исплаќа согласно со оваа одлука и ги вклучува сите даноци, коишто ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Износот на дивиденда за една акција во бруто износ, според одлуката за исплата на дивиденда на дел од добивката од 2008 година и утврдување на дивиденден календар, изнесува 157,3 денари.

Износот на дивиденда за една акција во нето износ е 141,59 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2008 година е 26.05.2017 година. Датумот на евиденција на акционерска книга според којшто се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда е 31.05.2017 година. Прв датум на тргување, според дивидендниот календар, без право на дивиденда е 29.05.2017 година.

Исплатата на дивидендата ќе се изврши најдоцна до 31.12.2017 година.