Факом оствари добивка од 769.000 денари во првите три месеци од 2016

16

fakom

Од први јануари до 31-ви март, компанијата Факом ја заврши со добивка од 769.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од минатата година, Факом оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 322.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од 2016 година имаа вредност од 313.683.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 50.649.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 263.034.000 денари.

“Имајќи го во предвид малиот домашен пазар долгорочна политика на компанијата е орентација кон извозот, да го продолжи трендот на рехабилитација на постоечките капацитети, подобрување на работните услови и најнеопходни и смирени инвестиции во најпотребната нова опрема и современа технологија. Инвестирање во високо специфична и продуктивна опрема и машини бара и инвестирање во исклучително ниво на знаења, искуство и оспособеност на своите кадри од сите нивоа“, стои во Образложението кон остварениот финансиски резултат.