Факом првиот квартал го заврши со добивка од над три милиони денари

23

Компанијата Факом, во периодот јануари – март оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 3.097.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период минатата година, добивката на Факом беше 398.000 денари.

“Приходите од продажба се зголемени за 56% во однос на лани, од кои приходите на домашен пазар се зголемени за 35%, а приходите остварени на странски пазар се зголемени за 64%, сето ова е резултат на интензивирање на започнатите работи и договори и оваа динамика го одредува обемот на работа и финансискиот резултат остварен во овој период“, стои во Образложението кон билансот на успех.

Последиците од кризата од Ковид-19, како што се наведува, директно влијае на оперативното и производното работење на компанијата, како и врз продуктивноста, ликвидноста, наплатата на побарувањата и слично.

Фото: Pixabay