Факом со добивка од 734.000 денари ги заврши првите шест месеци

18

fakom

Компанијата Факом од први јануари до 30-ти јуни оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 734.000 денари, додека истиот период лани беше на ниво од 3.523.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех.

“Во првата половина од оваа година се остварија вкупни приходи од 621,9 милиони денари и кај истите има намалување од 6,79% споредено со истиот период од 2015 година, а вкупните расходи изнесуваат 663 милиони денари и кај нив има намалување од 6,41% споредено со истиот период од 2015 година“, стои во Белешките кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од 2016 година имаа вредност од 618.466.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 106.247.000 денари, а на пазари во странство реализацијата е 512.219.000 денари.