Факом за шест месеци прокнижи 556.000 денари добивка

71

Компанијата Факом прикажа вкупна сеопфатна добивка од 556.000 денари, покажува шестмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, добивката на компанијата достигна 30.908.000 денари.

“Во периодот од 01.01.-30.06.2019 година Друштвото оствари позитивен финансиски резултат во износ од 556.226,57 ден. наспроти добивката од 01.01-30.06.2018 година од 30.908 милиони денари. Ова се должи пред сè на намалениот обем на работи и договори за работа и оваа динамика го одредува обемот и финансискиот резултат што се оствари во овој период од 2019 година. Вкупните приходи во 2019 година изнесуваат 490.203 милиони денари и истите се намалени за 43% во однос на истиот период 2018 год. (854.860 милиони денари)“, стои во Образложението кон неревидирани финансиски извештаи.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни оваа година, имаа вредност од 484.774.000 денари. Помалиот дел од 124.689.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 360.085.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Фoто: Pixabay