Фалсификувани производи ќе се уништуваат во Дрисла

17

Традиционално на Денот на интелектуалната сопственост на депонијата Дрисла, координативното тело за интелектуална сопственост, ќе спроведе јавно уништување на одземените производи со кои се повредени правата од интелектуална сопственост, авторското право и сродните права и правата од индустриска сопственост.

Предмет на уништување ќе бидат производите одземени при координираните акции на Координативното тело за интелектуална сопственост и од одделените акции на државните инспекциски органи со кои беа повредени правата од интелектуална сопственост во тековната година за кои се донесени правосилни и извршни кривични и прекршочни одлуки на надлежните судови.