ФАО очекува рекордни трошоци за увоз на храна оваа година

50

Трошоците за увоз на храна ќе надминат 1.750 милијарди долари оваа година поради силниот раст на цените на основната храна и транспортните трошоци за време на закрепнувањето од пандемиската криза, предвидува Агенцијата на ОН за храна и земјоделство ФАО.

ФАО сега очекува дека трошоците за увоз на храна ќе се зголемат за 14 отсто оваа година, што ја зголеми проценката од јунскиот извештај дека се очекува тие да се зголемат за 12 отсто, покажаа есенските прогнози.

Скокот го одразува наглото зголемување на цените на храната и тројно зголемените транспортни трошоци за време на периодот на опоравување од пандемиската криза, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за земјоделство и храна.

Најмногу годинава ќе се зголемат трошоците за увоз на жита, животински масти и растителни масла и маслодајни семиња. ФАО, исто така, нагласува дека трговијата со храна се покажала како отпорна на нарушувања во пандемиската криза, која се покажала дека расте уште побрзо по обем и вредност отколку во периодот пред пандемијата.