Фармацевтски гиганти ги здружија силите за да направат вакцина за Ковид-19

65

Две од најголемите светски фармацевтски компании ги здружуваат силите за создавање вакцина против коронавирус – иако можеби нема да биде достапна до крајот на 2021 година, пишува Independent.

Британската компанија GSK и француската Sanofi ја објавија соработката со надеж дека ќе обезбедат траен имунитет на Ковид-19 евтино и на масовно ниво.

Нивната вакцина е една од најмалку 70 во развој низ целиот свет, бидејќи научниците се натпреваруваат да најдат начин да го запрат вирусот.