Farmia – Српски програмери го преселија сточниот пазар на интернет

28

farmia

Двајцата српски програмери Милош Милиќ и Срѓан Ступар ја формираа интернет страницата Farmia, со што сточниот пазар го преселија на интернет.

“Моето семејство долго време се занимава со огледување на домашни животни, по што директно се соочувавме со бројни проблеми кои процесот на купопродажба ги носи со себе. Што се однесува до купувачите, во нашиот случај тоа се кланиците и фармите, а кога станува збор за кланиците тие мора да соработуваат и да поминуваат низ селата и директно да ги купуваат животните од селаните што им е голем проблем. Сето тоа е навистина комплицирано, а нашиот систем би можел да го олесни целиот процес да ги најдат животните кои им се потребни“, вели Милиќ за Б92.

Инвеститорите, кои вложија 50.000 евра во остварување на нивните идеи, воспоставија контакт преку Старт ап академијата.

“На продавачите им е многу полесно да ги пронајдат животните кои им се потребни бидејќи можат да ги најдат во нашиот систем, а исто така ги имаат и сите релевантни податоци за животните, додека традиционалниот начин на купување подразбира купувачите да трагаат се додека не го најдат она што им е потребно. И на продавачите драстично им е олеснета продажбата бидејќи се во можност од дома или од било кое друго место да ги огласат своите животни на продажба“, вели Ступар.

Засега продавачите прикачуваат слики и информации за животните. Една од идејата на овие млади програмери е во иднина да има и автоматско известување на регистрирани корисници преку СМС или по електронска пошта.