FDA го одобри тестот на Roche за коронавирус

169

Фармацевтската компанија Roche holding соопшти дека американската Управа за храна и лекови (Food and Drug Administration – FDA) го одобрила нејзиниот тест за откривање на коронавирус.

Како што се наведува во соопштението, FDA дала зелено светло за производот на компанијата, чиешто седиште е во Швајцарија.

“Можностите на квалитетно тестирање во голем обем ќе ни овозможи ефикасно да реагираме на она што Светската здравствена организација го окарактеризира како пандемија. Важно е брзо и точно да се одреди дали пациентот е заразен со вирус“, рече извршниот директор на одделението за дијагностика во компанијата, додавајќи дека овој тест ќе овозможи поголем број на луѓе да се тестираат, што е клучно против ширењето на заразата.

Фото: Pixabay