Фед ја задржаа каматата близу 0%, предвидуваат посилен економски раст и инфлација

26

Федералните резерви на САД одбија да се откажат од политиката на евтини пари и покрај економското закрепнување.

Очекувано, американската централна банка одлучи да ја задржи краткорочната каматна стапка близу 0%, бидејќи секој месец купува најмалку 120 милијарди долари во обврзници.

Претседателот на Фед, Џером Пауел рекол дека закрепнувањето е “нерамномерно и далеку од завршено“. Иако напоменал дека инфлациските притисоци би можеле да пораснат во следните месеци, “еднократното зголемување на цените веројатно ќе има само минлив ефект врз инфлацијата“.

Фото: Freepik