ФЕД ќе почека со зголемување на каматните стапки до 2022 година

28

Федералните резерви на САД (ФЕД) на дводневната седница, што заврши синоќа, одлучија да ги задржат каматните стапки близу до нула и најавија дека ќе продолжат да ги користат сите алатки од својот арсенал за поддршка на закрепнувањето на сè уште несигурната економија.

Сепак, ФЕД во соопштение нагласува дека е подготвен да ја прилагоди својата позиција во однос на монетарната политика доколку е потребно, доколку се појават ризици, јави CNN.

Еден од тие ризици може да биде скок на инфлацијата, при што ФEД очекува привремен раст во наредните месеци. Други ризици можат да бидат состојбата на јавното здравје, состојбата на пазарот на трудот и трендовите на финансискиот пазар.

Федералните резерви на САД сега предвидуваат дека растот на потрошувачките цени ќе биде 2,4% до декември оваа година, што е за 1,8 % повеќе од предвидувањето во декември 2020 година, и малку над целта на ФEД од околу 2,0%.

Сепак, ова не е причина за загриженост затоа што, според мислењето на ФEД, зголемувањето на цените ќе биде привремено.

Инвеститорите стравуваат дека ФEД ќе биде принуден да ги зголеми каматните стапки побрзо отколку што очекуваат да одговорат на можната висока инфлација.

Во исто време, како одговор, акциите на Wall Street се искачија на нови рекордни висини – индустрискиот индекс Dow Jones првпат е заклучен над нивото од 33.000 поени.Според ФEД, не се очекува зголемување на каматната стапка во 2021 година, а четворица претставници на Централната банка очекуваат пораст на стапките од 2022 година. Засега, референтната каматна стапка останува непроменета во опсег од нула до 0,25 %.

Фото: Pixabay