Фершпед прикажа добивка од 16,5 милиони денари за 2014 година

34

Fersped-

Компанијата Фершпед оствари добивка во висина од 16.556.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, Фершпед прокнижи добивка од 12.071.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се во висина од 3.432.807.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 3.104.512.000 денари, додека остатокот од 328.295.000 денари е реализиран на домашен пазар.

Фершпед очекува пораст на оперативните приходи од 7% за оваа 2015 година, покажува бизнис планот на компанијата. Проекциите покажуваат пораст на добивка од работењето во висина од 24%.