Фершпед прокнижи 23,5 милиони денари за шест месеци

22

fersped

Група Фершпед прокнижи добивка од 23.583.000 денари, покажува шестмесечниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од минатата година, Група Фершпед евидентираше загуба во висина од 36.308.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 30-ти јуни 2017 година, беа на ниво од 1.710.361.000 денари. Реализацијата на домашен пазар достигна 1.551.432.000 денари, додека на пазари во странство изнесува 158.938.000 денари.

Фершпед е компанија за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта. Освен основната дејност, Фершпед се занимава и со меѓународна трговија, брокерство, банкарство, хотелиерство, винарство и игри на среќа преку купување акции во тие дејности од стопанството.