Фершпед прокнижи добивка од 3,3 милиони денари во првото тримесечје

12

fersped

Фершпед првото тримесечје го заокружи со добивка од 3.364.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Нето добивката во анализираниот период изнесува 3.364.000 денари, што претставува пад во однос на нето добивката во истиот период од 2015 година“, стои во Образложението кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба од јануари до март оваа година беа 578.003.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 556.067.000 денари. На пазари во странство отпаѓаат 21.936.000 денари.

“Вкупните расходи остварени во периодот јануари – март 2016 година изнесуваат 593.631.000 денари и истите покажуваат пад од 16% во однос на вкупните расходи во првиот квартал од минатата година“, стои подолу во Образложението.