Фибула со поволности и изненадувања на Меѓународниот саем за туризам во Скопје

249

 

Fibula Logo 75x25cm JPG (2)

Туристичката агенција Фибула на Меѓународниот саем за туризам, што ќе се одржи од 7-ми до 9-ти мај во халите на Скопски саем, ќе ги претстави и промовира своите актуелни туристички дестинации и услуги за 2015 година. За посетителите, Фибула подготви и уникатни изненадувања. Веднаш до штандот на Фибула ќе биде и штандот на Хотел Изгрев каде ќе бидат преставени сите поволности што хотелот ги нуди за време на летните одмори.

На 8-ми мај, во периодот од 15 до 17 часот, сите оние кои ќе го посетат штандот на Фибула, во хала 2, ќе добијат можност да учествуваат во Фибула happy hour и да добијат вредни и пријатни изненадувања поврзани со летните одмори.

Посетителите кои ќе го искористат и саемскиот попуст на Фибула од 5% на сите пакети и 20% отсто попуст на сите аранжмани за Грција и за Турција, од туристичката агенција ќе добијат и дополнителни промоции и привилегии, како што се бесплатен престој за трето и четврто лице и 35% попуст за рана резервација.

Меѓународниот саем за туризам освен за посетителите, ќе биде од голема полза и за туристичките агенции и туроператорите каде ќе разменат искуства и информации со цел да им одговорат на барањата на нивните клиенти.