Фич го потврди кредитниот рејтинг ББ+ за Македонија

2

fitch

Кредитната агенција Фич го потврди ББ+ кредитниот рејтинг на Република Македонија. Ова е десетта година по ред како кредитната агенција ја потврдува оценката ББ+ за Македонија.

Како база за својата оценка Фич ги зема растот на бруто домашниот производ и општествениот развој на земјава за кои вели дека се „над ББ просекот“. Фич ја оценува бизнис климата во Македонија како исклучително поволна и наведува дека земјава е помеѓу најдобрите 30 економии во светот за водење бизнис според ранг листата на Дуинг Бизнис.

Фич во својот извештај го нотира и намалувањето на невработеноста за 10%, односно од 37% во 2005 година на сегашните 27%, јавува Миа.

Банкарскиот сектор во Македонија кредитната агенција го опишува како добро капитализиран и високо ликвиден, вклучително и двете банки кои се во грчка сопственост.

Како ризик Фич ја посочуваат домашната политичка ситуација, за која очекуваат да се надмине. Според прогнозите на Фич Македонија и во иднина ќе продолжи да води стабилна фискална и монетарна политика, а трговските партнери на Македонија во ЕУ ќе продолжат со закрепнување што ќе влијае поволно на надворешно трговската размена.