Фич ја намали прогнозата за глобалниот економски раст

70

Во извештајот објавен во понеделникот, меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич“ ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за 2022 година од 4,2 на 3,5 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата наведува дека процесот на закрепнување по пандемијата на коронавирус е под влијание на проблеми во синџирите на снабдување, што ја поттикнува инфлацијата.

„Војната во Украина и економските санкции против Русија го загрозија глобалното снабдување со енергија. „Малку е веројатно дека санкциите наскоро ќе бидат укинати“, додаде Фич.

Потсетувајќи дека Русија задоволува 10 отсто од енергетските потреби во светот, од Фич наведоа дека зголемувањето на цените на нафтата и гасот дополнително ќе ги зголеми трошоците за индустријата и ќе ги намали реалните приходи на потрошувачите.

Агенцијата, исто така, ја намали проценката за бруто домашниот производ (БДП) за 2023 година за 0,2 процентни поени на 2,8 проценти.