Fidget cube – коцка за смирување нервозни прсти

108

8794c31359a91ef34b64590278c61801_original

Понекогаш не сме свесни дека правиме одредени нервозни движења, како што се “пукање” прсти, вртење на предмети, тропање со пенкало, нервозно движење на нозете… Тоа може да биде непријатно, особено доколку сте на работа и со тоа ја намалувате вашата и концентрацијата на вашите колеги.

kocka za nervozni prsti

Двајцата иноватори од Америка, Метју и Марк МекЛоклен, создадоа коцка што ќе ги смири сите нервозни движења и ќе им помогне на луѓето да се сконцентрираат на своите работни обврски.

Fidget cube е коцка којашто на сите шест страни има различни додатоци, а достапна е во осум дизајни.

На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, иако првично побараа поддршка од 15.000 долари, досега собраа 3,6 милиони долари. До крајот на кампањата има повеќе од еден месец.

kocki za nervoza