Фиктивни фирми направиле штета од 255 милиони евра во Србија

27

evra 1234

Од почетокот на кризата српската економија загубила околу 255 милиони евра поради тоа што голем број фиктивни фирми не ги исплаќале своите обврски, изјави Драгољуб Рајиќ, консултант од Мрежата за деловна поддршка на Србија, пренесува Танјуг.

“Од 2008 година до денес постојат над 19.500 случаи на измама преку фиктивни компании кои нарачувале стоки и услуги од совесни деловни партнери и таа стока најчесто не ја плаќале“, вели Рајиќ.

Вкупниот износ на таа штета, според неговите проценки, е 255 милиони евра, а поединечната штета е околу 13.100 евра.

Лошите финансиски извештаи се една од најчестите алатки за прикривање на фактичката состојба и правење малверзации.