Филипче: Ако сте патувале и имате симптоми, не одете кај матичен лекар, јавете се на овие телефонски броеви

259

Двајцата пациенти од Дебар, кај кои вчера беше потврден коронавирусот, се во стабилна здравствена состојба, ама возраста ги катергоризира во ризична група. Тие се префрлени на Инфективната клиника во Скопје, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче, уште еднаш апелираше луѓето кои се вратиле од ризични зони, да не се обраќаат кај матичните лекари туку на следниве телефонски броеви:

Тој рече дека најдени се уште девет лица кои биле во контакт со заразените, од нивната околина на живеење. И на нив им е определена домашна изолација.

Сите други патници во автобусот се идентификувани и за нив ќе бидат преземени превентивни мерки. Еден од патниците е државјанин на Албанија и за случајот е известено тамошното Министерство за здравство.

Возачот на автобусот, со кој патувале сопружниците од Дебар, во меѓувреме, повторно заминал на тура во Италија. Автобусот сега е на Табановце, ќе биде тргнат настрана и третманот на патниците ќе зависи од состојбата на возачот.