FinCEN: Во Црна Гора 15 сомнителни трансакции од 2,8 милиони долари

32

Во Црна Гора од 2015-та до 2017-та година, преку Запад банка, се направени 15 сомнителни трансакции во вредност од 2,8 милиони долари, покажуваат документите на одделението на американското Министерство за финансии за спречување перење пари и финансиски криминал (FinCEN).

Според црногорските медиуми, сомнителните трансакции биле насочувани кон Шангај, Чешка и Хонгконг. Првите четири сомнителни трансакции се извршени во период од 23-ти декември 2015-та до 29-ти јануари 2016-та, а се работи за вкупно 290.000 долари.

Запад банка добила дозвола за работа од Централната банка на Црна Гора на крајот на јануари 2015-та година.

FinCEN датотеките имаат над 2.500 документи, од кои поголемиот дел банките им ги испраќале на американските власти меѓу 2000-та и 2017-та година, поради сомнение дека можеби станува збор за перење пари.

Фото: Pexels