Финска е најсреќната земја на светот, Македонија е на 94 место

33

И покрај пандемијата на коронавирусот, Финска четврта година по ред ја брани титулата најсреќна земја во светот, а Македонија е на 94 место меѓу 149 земји, пренесува Seebiz.

Скалата за среќа се заснова на статистичките податоци од истражувањето на Галуп за тоа колку се чувствуваат среќни самите граѓани.

По Финска следуваат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург и Нов Зеланд, а на 10-то место е Австрија.

Хрватска се наоѓа на 60-то место, Босна и Херцеговина е на 64-то место, Црна Гора на 72-то  место. Словенија е далеку подобро рангирана, на 29-то место, Косово на 33-то и Србија на 48-то.

Извештајот, спроведен за мрежата на ООН за решенија за одржлив развој (Sustainable Development Solutions NetworkSDSN), беше објавен во пресрет на Светскиот ден на среќата, кој се слави во сабота, 20 март.

Фото: Pixabay