Финска: Еколошка, водоотпорна обвивка за ткаенина од восок и скроб

191

Фински истражувачи од универзитетот Aalto создадоа еколошка обвивка за ткаенина којашто не пропушта вода и помага ткаенината да “дише“. Материјалот е креиран од карнеба восок којшто се добива од палмини листови и се користи за правење на восок за автомобили, во медицината и прехранбената индустрија.

Восокот прво се топи и разложува во вода формирајќи раствор од честички со негативно полнење. На таа материја научниците додадоа скроб чиишто позитивни честички се “привлекоа“ со негативните од восокот. Со тоа се овозможи негативните целулозни влакна од природната ткаенина да се соединат со честичките од восокот создавајќи обвивка.

Добиената обвивка од восок и скроб може да се нанесе на органски материјали како вискоза, памук, коноп, тенсел преку прскање, натопување и четкање. Во сите случаи со помош на оваа обвивка материјалот станува водоотпорен и помага на ткаенината да дише.

Единствено не се препорачува за нанесување на облека што често се пере.

Фото: Aalto