Firefly – прв електричен автомобил за деца до 10 години

37

firefly

Британската компанија за едукација на млади возачи, Young driver, создаде електричен автомобил за деца на возраст од пет до 10 години, пишува New Atlas.

Автомобилот го носи името Firefly и има многу карактеристики како и автомобилите за возрасните. Од компанијата велат дека возењето на Firefly е идентично како и кај останатите возила, па поради тоа не треба да се смета за детска играчка.

fire fly

Но, она по што се разликува од автомобилите на возрасните е тоа што е мал и прилагоден на детската возраст, а има ограничување во брзината – максимални 16 километри на час.

Родителите ќе можат со далечински управувач да го запрат автомобилот на растојание до 10 метри.

Компанијата ќе ги користи овие автомобили во својата програма за возење од оваа есен, коишто ќе траат по 20 минути и ќе чинат 19,95 британски фунти (23,55 евра).

Од следната година, Firefly ќе може да се најде во продажба по цена од 5.750 фунти (6.786 евра).

fire fly kola