Fitch го намали рејтингот на Еверграндe и неговите подружници

Рејтинг агенцијата Fitch денеска објави дека го намалила кредитниот рејтинг на кинеската градежна корпорација Evergrande Group и нејзините подружници, Hengda Real Estate и Tianqi Holding, од „C“ на ниво на „RD“, пренесува Reuters.

Кредитниот рејтинг „RD“ значи дека компанијата има ограничена можност за подмирување на финансиските обврски, дека нејзините акции продолжуваат да се тргуваат и дека сè уште не банкротирала.

Намалувањето на рејтингот се должи на неплаќање купони на обврзниците на Tianji Holdings доспеани на 6 ноември во износ од 645 милиони долари и неплаќање на обврски за обврзници во износ од 590 милиони долари по истекот на грејс периодот на 6 декември , се вели во соопштението на американската агенција за кредитен рејтинг.