Фјодор – хуманоиден робот што ќе им помога на астронаутите

30

fjodor-glavna

Руската Фондација за напредно истражување проекти и компанијата Android Technics развија хуманоиден робот наречен Фјодор, што во иднина би требало да им помогне на астронаутите во Меѓународната вселенска станица. Овој робот ќе се користи за комплексни задачи надвор од станицата, а Русите планираат со негова помош да изградат база на Месечината, пишува iTechPost.

Фјодор може да ползи, да стане ако падне, вклучува светло, отклучува и може да вози автомобил. Висок е 180 сантиметри, а зависно од опремата тежи од 106 до 160 килограми и може да крева товар до 20 килограми.

fjodor1“Астронаутите во иднина ќе се потпираат на роботите за време на прошетките во вселената и на другите планети. Неговите способности се еднакви со човечките, а во извршувањето на некои работи и помоќни“, вели Сергеј Курс, кој го предводи проектот во Националниот центар за технолошки развој и роботика. Користењето на роботи во вселената во иднина ќе заштеди многу пари, а на астронаутите ќе им овозможи слободно време за други задачи или активности, велат руските научници.

fjodor-2Поради опасноста од долгорочна изложеност на вселенско зрачење, астронаутите при вселенските прошетки не смеат да поминат повеќе од девет часа, така што роботите ќе бидат логичен избор за разни задачи. Со нив ќе се управува преку посебни одела што ќе ги носат луѓе или преку гласовни наредби.