Флорида доби хотел во форма на џиновска гитара

32

Американската сојузна држава Флорида го доби првиот хотел во свето којшто има форма на гитара. Масивното здание се издигнува во висина од 122 метри и е прекриено со фасада од неонски светла.

Hard Rock Hotel and Casino е дело на студиото Klai Juba Wald Architecture + Interiors и е во рамки на поголем проект што чини околу 1,5 милијарди долари.

Светлосната инсталација е дело на фирмите DCL and float4, пишува Designboom.

Хотелот има 34 ката и освен луксузни апартмани, вклучува и ресторани, надворешни базени, а предниот лифт служи и како екран за дневен музички перформанс.

Фото: Facebook