Фондот за иновации и технолошки развој организира Ask me anything сесија

3

 

fond-za-inovacii-i-tehnoloski-razvoj

Фондот за иновации и технолошки развој денеска со почеток во 11 часот организира Ask me anything сесија со Волфганг Книејски, претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции. Кафе сесијата ќе биде на англиски јазик.

Во Скопје вчера се одржа обука за обучувачи за подготовка на предлог проекти за инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој со оперативниот советник на Фондот за иновации и технолошки развој, Питер Моѓуроши. Обуката беше наменета за лица и организации кои обезбедуваат поддршка на старт – ап и спин – оф претпријатија и претпријатија кои работат во полето на иновациите и нови технологии. Посебен фокус беше ставен на четвртиот повик на Фондот за иновации и технолошки развој за инструментите: кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт – ап и спин – оф и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации. Беа покриени следниве теми: бизнис модели, пазарен потенцијал, финансиски проекции, регулирање на правата од интелектуална сопственост и степен на иновативност.

Организирањето на овие работилници е потпомогнато од Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементирана од Свисконтакт и Преда плус.