Фондот за развој на ЕФСЕ им помага на македонските домаќинства да добијат повеќе информации за станбените кредити

22

Фондот за развој на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ), во соработка со Народната банка на Република Македонија (НБРМ), изготви брошура за ризиците при земањето станбени кредити.

Публикацијата ќе им помогне на кредитокорисниците да донесат здрави финансиски одлуки и да избегнат презадолжување.

Брошурата, којашто е насочена кон домаќинствата во Република Македонија, дава информации за ризиците – вклучувајќи го и валутниот ризик – коишто треба да се земат предвид пред земањето долгорочни кредити. Оваа брошура којашто е достапна на македонски и на албански јазик, ги објаснува основните принципи на лесно разбирлив и директен начин. Брошурата ќе биде дистрибуирана преку локалните финансиски институции и ќе биде придружена со краток видеоспот. Верзиите на брошурата и на двата јазика се достапни на интернет страницата на ЕФСЕ: www.efse.lu и на НБРМ: www.nbrm.mk.

“Одговорното финансирање претставува една од најважните теми на агендата на ЕФСЕ ДФ, и подобрувањето на финансиската писменост кај локалните домаќинствата е важен дел од овој мозаик“, вели Маркус Ашендорф, претседател на ЕФСЕ ДФ.

“По успешните работилници за финансиска писменост за новинари организирана во соработка со Народната банка во февруари 2015 година, и за изготвување на табела на остварувања со Кредитното биро (ШУФА) во Германија во 2014 година на којашто присуствуваа претставници од Народната банка, со задоволство ја прошируваме оваа плодна соработка. Главната идеја на брошурата ’Купување на дом со станбен кредит’ е да се подигне нивото на финансиска писменост меѓу населението на Република Македонија. Брошурата претставува практичен водич којшто на идните сопственици на дом подетално ќе им ги објасни ризиците од долгорочното задолжување”, рече Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија.