Foodin – асистент што ги планира оброците и ги доставува намирниците за готвење

22

Фото: Facebook

Foodin е хрватска платформа што може да се трансформира во асистент што го решава проблемот со планирање на оброци и достава на намирници за нивно подготвување, пишува Netokracija.

Преку оваа апликација, корисникот во исто време може да добие предлог за јадење, но и сите намирници што се неопходни за да се подготви. Foodin на корисниците би требало да им заштеди пари, да го подобри здравјето, како и да ја намали количината на храна што се фрла.

Овој хрватски старт – ап има своја кампања на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, од каде бараат финансиска поддршка од 15.827 долари.