Forbes 30 under 30: Млади претприемачи што “тежат“ нешто повеќе од милијарда долари

61

Mлади претприемачи до 30 години, кои се најдоа на најновата листа на Forbes 30 under 30 од САД и Канада, успеаја да приберат капитал од над една милијарда долари. Магазинот ги подели во 20 различни категории, анализирајќи го нивниот успех и создадено богатство.

“Млади, креативни и одважни умови на овогодишната листа 30 under 30 се доказ дека иднината ќе биде возбудлива и потполно поинаква. Овие претприемачи се борат против ракот, развиваат технологија што ќе им помогне на астронаутите да дишат на Марс…“, велат од Forbes, кои оценуваа повеќе од 15.000 номинирани кандидати. Од нив 600 си го најдоа своето место на листата, а се поместени во 20 категории што ќе го сменат “лицето“ на бизнисот и општеството.

Меѓу поинтересните факти за овие млади и успешни претприемачи се:

  • 86% од нив се оптимисти за економскиот раст на САД;
  • Работат 66 часа неделно;
  • 48% од нив се имигранти или тоа биле нивните родители;
  • Како пример ги следат: Илон Маск, Мишел Обама, Ричард Брансон, Бил Гејтс…;
  • Апликации без коишто не можат да го замислат секојдневието се: Google maps, Spotify, Twitter, Instagram…;

Фото: Forbes