Forbes: Богатството на Маск се зголеми за скоро 10 милијарди долари

26

Богатството на сопственикот на компанијата Tesla, Илон Маск, на крајот на минатата недела се зголеми за 9,9 милијарди долари, објави Forbes.

Тоа, како резултат на растот на вредноста на акциите на Теsla. И, во овој миг, вкупното богатство на Маск изнесува 165,9 милијарди долари. Тој, инаку, сѐ уште е трет на списокот милијардери на Forbes.

Акциите на Теslа се зголемија за 7,8% на крајот на минатата недела. Според наводите, наглиот пораст на хартиите од вредност на компанијата е поврзан со општиот оптимизам на пазарот откако претседателот на државата и двопартиската група сенатори постигнаа првичен договор за “инфраструктурен пакет” од околу 1,2 трилиони долари.

Фото:Facebook