Forbes по 35-ти пат им го измери богатството на милијардерите

29

Магазинот Forbes по 35-ти пат ја објави листата на најбогати во светот, којшто ланската година достигна рекордни 2.755 милијардери, што е за 660 повеќе од една година. Нивното вкупно богатство се проценува на 13.100 милијарди долари.

Forbes нотира рекорден број на “новопечени“ милијардери и тоа 493 на број, што е еден милијардер на секое 17 часа. Најмногу од нив се од Кина и Хонгконг (210) и 98 од САД. Најбогатиот нов милијардер е Миријам Аделсон од Невада, којашто заработи 38,2 милијарди долари богатство од нејзиниот сопруг, Шелдон Аделсон, кој бил на чело на цела империја на казина, а почина на почетокот на оваа година.

Џеф Безос е најбогат на планетата веќе четврта година по ред, со богатство проценето на 177 милијарди долари или 64 милијарди повеќе во споредба со една година претходно. Зад него е Илон Мас, којшто е најголем добитник, благодарение на богатството од 151 милијарда долари, коешто една година беше “само“ 126,4 милијарди долари, кога беше 31-ви најбогат во светот. Тајкунот Бернард Арно, сопственик на LVMH, има богатство од 150 милијарди долари што го прави трет најбогат. Една година претходно неговото богатство беше скоро двојно помало (76 милијарди долари).

Десетте најбогати на планетата заедно “тежат“ 1.150 милијарди долари, што е скоро две третини повеќе од 686 милијарди долари, колку што им беше богатството минатата година. Исто така, милијардерите на Стариот континент се за 1.000 милијарди долари побогати годинава.

Фото: Pixabay