Forbes препорачува две земји од регионот за оние кои трагаат по помалку популарни дестинации

14

Молдавија, Србија, Латвија, Словачка и Црна Гора се пет помалку познати европски дестинации што ги препорачува магазинот Forbes. Оваа препорака особено важи за оние кои почесто ја посетувале западна Европа, а сега е време им се отстапи простор на земји од источна, северна или јужна страна на Стариот континент.

За Forbes, Молдавија иако е една од најмалку посетуваните земји во цела Европа, сепак е шармантна земја полна со историски објекти и развиена винска индустрија.

За Србија магазинот нотира дека земјата е богата со термални извори и ги истакнува Врњачка и Рибарска бања.

Главниот град на Латвија, Рига, според Forbes, изобилува со богата архитектурам додека за Словачка се вели дека северните делови од земјата имаат спектакуларни дестинации преполни со природни убавини.

Иако е мала земја, Црна Гора, како што пишува Forbes, таа има прекрасни пејсажи кои се идеално одредиште за патници кои ги бараат скриените убавини на Балканот. Магазинот ја препорачува Бока Которска и Дурмитор.

Фото: Pixabay